Претходна статија
Оградата на мостот кај Холидеј Ин ќе „голтне“ над милион евра
Следна статија
Џонсон Мети инвестира нови 60 милиони евра во Бунарџик

„Гранит“ и „Бетон“ со намалени приходи и добивка во првите 3 месеци од 2012 година

Објавено на 09.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првиот квартал од 2012 година е неповолен за најголемите македонски градежни компании. Компанијата „Гранит“ од Скопје остварила оперативни приходи од 524.204.000 денари или околу 8,5 милиони евра, што претставува пад од 44% во споредба со истиот период од минатата година, а истовремено добивката пред оданочување изнесувала 8.105.000 денари (околу 130.000 евра) и е за 1% помала во однос на првите три месеци од 2011 година. Поради лошите временски услови карактеристични за овој период од годината, оперативната загуба е на ниво од 60.274.000 денари. Извршувањето на активностите според посакуваниот тек се одвивале единствено во месец март, додека во јануари и февруари „Гранит“ вршел подготовки за претстојните зафати.

 

Слично на „Гранит“, денешното издание на весникот „Капитал“ пишува дека скопски „Бетон“ на почетокот од 2012 година забележал приходи од 7,1 милиони евра, кои се помали за 4,47% во споредба со првиот квартал од 2011 година. Градежната компанија во идентичниот период исполнила проекти од кои остварила добивка од 243.000 евра. И двата гиганти своите приходи ги реализирале во огромна мерка работејќи на македонскиот пазар, а документите од областа на финансиите на овие компании ја потврдуваат тезата дека опаѓа активноста за изведба на проекти на пазарите во странство.