Претходна статија
Танге повторно во Скопје
Следна статија
Отворен БИМАС 2012

Продолжува промената на фасадите околу Плоштадот Македонија

Објавено на 03.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Град Скопје започна со реализација на проектот за реконструкција на фасадата на зградата на улица Никола Вапцаров бр.2 (објектот над кафулето „Тренд“). Предвидено е да се интервенира врз површина од 210 метри квадратни, односно челниот дел на објектиот кој гледа кон Плоштадот Македонија. Проектот за реконструкција на оваа фасада го изработи „Жагра-ком“, а за градежните работи е задолжена фирмата „Бауер БГ“, која треба да ја комплетира задачата во рок од 90 дена. Зафатот ќе чини околу 3,5 милиони денари.

 

 

Визуелизација на новата фасадаСегашна состојба на објектотСегашна состојба на објектот