Поради изминатата остра зима, изградбата на објектите во „Македонско село“ во Нерези, наместо во октомври како што беше првично најавено, ќе биде готова до декември. Потоа ќе следи изработка и уредување на ентериерот, за што дополнително ќе се бара проектант. Комплексот се простира на површина од 15 илјади метри квадратни и содржи копии на традиционални куќи од велешко, прилепско, битилско, струшко, кратовско, делчевско, беровско, кумановско, тетовско, Река, Галичник и Скопска Црна гора. Изградбата започна во јуни минатата година.
» Форумска дискусија за овој проект
Градилиште:
Мапа:
Пристап и околина: