Претходна статија
Норвежани и Турци се потенцијални оператори на ТИРЗ Тетово
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Етно селото во Нерези готово до декември

Индустриската зона „Металец“ речиси распродадена

Објавено на 28.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Урбанистички план за индустриската зона „Металец“Локалната самоуправа на Прилеп продаде уште осум градежни парцели во индустриската зона „Металец“. На вчерашната аукција учествуваа осум понудувачи со 19 понуди, а непродадена остана само една од понудените девет парцели. Купувачите имаат рок од шест месеци за изработка на проекти и добивање одобренија за градба. Објектите ќе треба да ги изградат во рок од шест години. Аукцијата беше втора по ред откако градежното државно земјиште во Прилеп премина во надлежност на локалната самоуправа, а првата се одржа на 17-ти месецов. Тогаш од понудените 12 парцели во „Металец“ се продадоа осум. Надлежните најавуваат дека преостанатите вкупно пет непродадени парцели ќе одат на ново наддавање за околу еден месец. Според проценките, зоната треба да отвори околу 2.000 работни места.

 

 

» Форумска дискусија за индустриската зона „Металец“