Претходна статија
Отворена новата клучка за пристап кон скопскиот аеродром
Следна статија
Булеварот Климент Охридски ќе има шест ленти од Соборниот храм до Владата

Аква паркот во Карпош ќе биде готов до 15 август, ако добие амин од општинската власт

Објавено на 22.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визуелизација на планираниот аква парк во склоп на СЦ „Борис Трајковски“Надлежните од СЦ „Борис Трајковски“ се одлучни да го изградат аква паркот во Карпош до 15 август годинава, според победничкиот идеен проект на „Темон инженеринг“. Во тек е јавен оглас за избор на најповолен понудувач за изградба на рекреативното здание во рамките на спортскиот комплекс, кој беше распишан на почетокот од април. Владата одвои 3 милиони евра со кои се покрива неговата финансиска конструкција, а досега се изработени основниот и изведбениот проект. Планирано е спортската сала да добие и четири тениски игралишта со што ќе се збогати постоечката понуда на објектот. Според информациите објавени на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки, крајниот рок за доставување на понудите на тендерот е 17 мај, при што на истиот ден ќе се одржи и нивното јавно отворање. Иако се наоѓа пред самиот почеток на изведбените работи, аква паркот сеуште нема добиено одобрение за градење од страна на општина Карпош.

 

Ратко Капушевски, директор на СЦ „Борис Трајковски“, на денешната прес – конференција напомена дека се поминати речиси сите процедури за промена на постоечкиот Детален урбанистички план. „Ветено ни беше дека на следната седница на советот на општина Карпош, која е закажана за 27 април, Деталниот урбанистички план ќе биде на дневен ред, но имаме информација дека планот за проширување на градежната парцела на СЦ Борис Трајковски каде треба да се градат 4 тениски игралишта од проектот 100 тениски игралишта на Агенцијата за млади и спорт и градскиот Аква парк не се на дневен ред“, напомена Капушевски. Ако се расчистат недоразбирањата помеѓу двете инволвирани страни, тогаш главниот град би добил аква парк на површина од 5.600 метри квадратни , кој заедно со летната тераса на базенот „Младост“ би имал вкупно 6.500 метри квадратни. Според постоечкиот ДУП, на местото на замислениот проект е зацртан паркинг.

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=T3W0Qv4TXjg&rel=0&w=515]