Претходна статија
Лицитација на земјиште за хотел под „Кале“
Следна статија
Атхезија

Потпишан договор со консултант за тендерот за Чебрен и Галиште

Објавено на 14.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Како што беше најавено кон крајот на декември минатата година, организацијата ИФЦ (IFC; International Finance Corporation), која е дел од групацијата на Светска Банка, денеска и официјално стана консултант на владата за тендерот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Договорот беше потпишан денеска во просториите на владата, во присуство на потпретседателот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Фатмир Бесими  и регионалниот менаџер на ИФЦ за западен Балкан, Џовани Даниеле.


Проектот ќе се спроведе во две фази. Во првата ќе се направи анализа на постојната тендерска документација, а во втората комплетна длабинска анализа и структуирање на тендерот. ИФЦ има задача да ги отстрани досегашните пречки и да осигура успешен тендер. Владата како членка на оваа организација со свој преставник во нејзиното собрание ќе учествува со 20 проценти во договорот за консултантски услуги, односно околу 100.000 евра, а останатите треба да се наплатат од идниот инвеститор. Ако тендерот биде неуспешен, ИФЦ нема да ги наплати услугите.


Владата на ваков чекор се одлучи после пропаѓањето на првиот тендер и проблемите кои се провлекуваат со вториот, кој е во тек. Барање во овој правец имаа и трите активни учесници во борбата за добивање на концесијата: германско-словенечкиот конзорциум РВЕ и ХСЕ (RWE AG – HSE), австрискиот Фербунд (Verbund) и италјанскиот Енел (Enel S.p.A.).