Претходна статија
Од денеска започнува новата сезона за изнајмување велосипеди во Скопје
Следна статија
Општина Центар ќе лее нова тура споменици за центарот на Скопје

„Бетон“ ќе гради подземна пристапна улица до катната гаража кај „Беко“

Објавено на 02.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ќе финансира изградба на подземна пристапна сообраќајница за потребите на катната гаража која се гради во строгиот центар на градот, на просторот пред идниот објект на Министерството за финансии. Победник на тендерот, на кој се пријавија три компании, е „Бетон“ од Скопје, кој ќе треба да ја изведе подземната улица во период од 6 месеци, поточно до 9 септември годинава. Вредноста на потпишаниот договор за изградба на овој инфраструктурен објект на улицата Даме Груев изнесува 42.882.380 денари или околу 700.000 евра.

 

 

 

 

Катната гаража спроти полициската станица „Беко“ започна да се гради кон крајот на мај минатата година. Сплитската компанија „Конструктор“ доби рок до мај 2013 година да го заврши објектот, кој се простира на основа од 3.070 метри квадратни и кој ќе има две подземни и седум надземни нивоа. Покрај паркинг просторот за 605 возила и 120 велосипеди, во проектот е зацртано приземјето и првиот кат да бидат за деловно – трговска намена. Вредноста на проектот изнесува 14 милиони евра, а за целосно заокружување на финансиската конструкција Градот Скопје се задолжи кај НЛБ Тутунска банка.