Претходна статија
Тунелот под плоштадот ќе го проектира шпанската фирма „ИДОМ“
Следна статија
Се продава нова градежна парцела кај старата железничка станица

Градот Скопје распиша јавен повик за поставување на два нови сплава во Вардар

Објавено на 31.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градските власти не се откажуваат од проектот за изведба на сите четири замислени сплавови во Вардар. Одговорните од Град Скопје објавија јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност долж кејот на реката. Идентично како веќе продадените две места за поставување бродови, новоогласените две локации ќе се подигнат од десната и левата страна на Вардар, на потегот помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“. Инвеститорите ќе се стекнат со одобрение за поставување на урбана опрема во период од 10 години, со можност за негово натамошно продолжување.

 

##

 

 

Победникот на јавниот повик ќе се одбира според висината на месечниот надоместок кој е подготвен да го плати на градските власти, но и според идејното решение за дизајнот на сплавовите. Крајниот рок за доставување на понудите и денот на нивно отворање е 30 април. Компанијата „Фаланга Дим“ од Скопје беше единствената компанија која се пријави и беше избрана на третата објава за две од четирите локации на кои е планирано да бидат поставени сплавови. Иако првично не беше предвидено, сепак Градот Скопје со средства од буџетот ќе ја изгради канализацијата и водоводната мрежа до четирите сплавови.