Претходна статија
RobоtMK ви го претставува Autodesk® RobotTM Structural Analysis
Следна статија
Лицитација на земјиште за хотел под „Кале“

Осигурителна компанија ќе гради деловен објект во Дебар Маало

Објавено на 12.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ДУП Дебар Маало 2Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање продаде градежна парцела во Дебар Маало, за цена од  185.000 денари по метар квадратен. Купувачот, националната групација за осигурување „А.Д. Осигурителна полиса“, на 124 метри квадратни ќе подигне деловен објект предвиден со деталниот урбанистички план „Дебар Маало 2“. Групацијата е должна да обезбеди одобрение за градба најдоцна шест месеци од склучувањето на договорот за отуѓување на градежното земјиште и да го изгради објектот во рок од две години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе се раскине.


Делот од Дебар Маало што гравитира кон булеварите Партизански Одреди и Климент Охридски станува особено интересен за инвеститорите. Во овој реон моментално се градат два позабележителни деловни објекти: „Граве“ и „Гринго“.