Познатиот француски трговски ланец „Mr.Bricolage“ кој е специјализиран за „направи сам“ производи, денес свечено го пушти во употреба својот прв хипермаркет во земјава, во кој вложи 1,5 милиони евра. Објектот се наоѓа на просторот на стариот кванташки пазар во Скопје, на аголот помеѓу булеварот Војводина и улицата Перо Наков [»мапа]. Купувачите ќе имаат избор од околу 30 илјади артикли за уредување и одржување на домот и дворот, изложени на површина од 3.000 метри квадратни. Покрај „Mr.Bricolage“, на површина од 1.560 метри квадратни во новиот објект на „Скопски пазар“, продажен салон за електроника и бела техника има и ланецот „Нептун“. Изградбата траеше една година, изведувач на градежните работи беше „Масон-Инженеринг“, а надзорот го вршеше „Балкан консалтинг“.
Со над 700 маркети и вкупен продажен простор од над 1.6 милиони метри квадратни, „Mr.Bricolage“ спаѓа во најголемите „направи сам“ ланци на глобално ниво.
Галерија: