Во организација на „Архитекст“, издавачот на реномираното списание за архитектура „Орис“ и здружението „Орис – куќа на архитектурата“, на 23 март во Белград ќе се одржи меѓународната конференција за архитектура „Белградски денови на Орис 3“. Настанот е замислен како низа предавања од архитекти избрани според релевантноста на нивните остварувања, кои преку презентација на сопствената работа ќе ја претстават својата пракса, град и земја. Концепцијата ја продолжува традицијата на меѓународниот конгрес „Денови на Орис“. Овогодинешни предавачи се: Boris Podrecca од Австрија, Alberto Campo Baeza од Шпанија, Srdjan Jovanović Weiss од Србија, како и Tomislav Ćurković и Zoran Zidarić од хрватското архитектонско биро „Два архитекта“.