Претходна статија
Започна да сообраќа автобуска линија до скопскиот аеродром
Следна статија
ИНТЕРВЈУ: Регионалното поврзување и соработка сè поприсутни во индустријата со недвижности

Парични казни наместо раскинување на договорите со недисциплинираните инвеститори

Објавено на 01.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Се подготвуваат измени во Законот за градежно земјиште. Помеѓу новостите предвидени во владиниот предлог – закон, кој денеска беше на прво читање во Собранието, е бришење на мерката за раскинување на договорот со инвеститорите кои купиле градежно земјиште од државата и притоа се обврзале на рокови за прибавување градежни дозволи и за изградба на објектите, а истите не ги испочитувале. Во ваков случај, наместо раскин на договорот и одземање на земјиштето како што беше предвидено досега, инвеститорите би биле соочени единствено со парични казни. Глобата би била во висина од 1,5% од постигнатата цена на јавното надавање, за секој месец од првата година на пробивањето на роковите, 3% во втората и 4.5% во третата година и секоја наредна година.