Претходна статија
Нови планови за македонските патишта и автопатишта
Следна статија
Фасадите на „Сити Галери“ и „Метропол“ преминуваат во неокласика

Како до посакуваната топлина на вашиот дом со помалку потрошена енергија?

Објавено на 27.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во буквално секое домаќинство во Македонија трошоците за греење на просторот и за топлење на водата го сочинуваат најголемиот дел од расходите за енергија. Поголемиот дел од грејните тела на нафта, гас и електрична енергија се застарени, неефикасни, трошат непотребно високи количества на енергија и создаваат големи трошоци.

 

Од друга страна, пак, пријатно загреани соби и топлата вода се неопходни за современите услови на живеење. Со цел да се создаде топлина на што е можно поевтин и еколошки начин, потребно е да се инсталира современ систем за греење. Тие користат и до 30% помалку гориво од старите ненаситници! Во голема мера ќе го растоварите сопствениот буџет – заштедата може да биде значителна – а домот ќе си го направите уште поудобен.

 

Електричната струја е премногу скапа за да се користи за греење: за да се генерира еден киловат час електрична енергија, потребни се околу три киловат часови енергија во облик на јаглен или друго гориво.

 

#На пазарот можете да изберете помеѓу конвенционалните или парните котли. Таканаречените конвенционални котли функционираат на гас, нафта или цврсто гориво и истите може да се постават или внатре во куќата или надвор од неа. Тие ја затоплуваат водата која што со помош на пумпи или под дејство на гравитациска циркулација се доведува до телата кои ја зрачат таа топлина во секоја соба. Максималната ефикасност од приближно 84% може да се постигне со нови котли кога правилно ќе се подеси соодносот на воздухот и горивото и кога површините за пренос на топлината внатре во котелот се чисти. Парните котли, пак, согоруваат гас или нафта, ги кондензираат издувните гасови и ја зголемуваат ефикасноста на согорување на приближно 92%. Куповната цена на овие котли е повисока од конвенционалните котли, но разликата во цените ќе се надомести за 10 години поради пониските тековни трошоци. Степенот на ефикасноста е повисок поради топлинската задршка (рекуперација).

 

Дополнително на тоа, системите за климатизација овозможуваат во градбите да се одржува пријатна температура во текот на потоплите годишни времиња. Во последните неколку години значителното намалување на цените на таквите разладни уреди доведе до нивна зголемена употреба во станбените градби. Како последица на тоа, клима уредите во голема мера влијаат врз летните сметки за електрична струја. Од скоро, загриженоста за зачувување на енергијата ги наведе производителите на клима уреди значително да си ги подобрат производите, така што ги прават повеќе енергетски ефикасни. Благодарение на енергетските ознаки, можно е при купувањето да се дознае колку електрична енергија ќе троши клима уредот.

 

Размислете и Вие за овие аспекти пред купување на уред за греење или ладење. За купување на вакви производи можете да ги искористите поволните услови од ПроКредит Банка за ЕКО кредитите: намалени каматни стапки до 2% и продолжен рок на отплата до 15 години. За сите совети за Вашите енергетски ефикасни решенија на располагање Ви се ЕКО советниците во секоја екпозитура на ПроКредит Банка. Размислувајте долгорочно, постигнетете ја саканата топлина, заштетеде на Вашите сметки и искористете поволни услови за вакви инвестиции од ПроКредит Банка!