Претходна статија
И Струга ќе ги менува старите улични светилки со енергетски ефикасни
Следна статија
„RealEx“ по втор пат

Градот Скопје го оживува проектот за автоматизирано управување со собраќајот

Објавено на 26.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во викенд изданијата на македонските дневни весници е објавена покана за доставување понуди од заинтересирани компании за имплементирање на „Проектот за урбан транспорт Скопје – Автоматизирано управување со сообраќај (Општо договарање)“. Градските власти го објавуваат огласот по добивањето на заем за Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и по публикувањето на Објавата за општи набавки за овој проект издадена во Можности за набавки на 04.04.2011 година.

 

#Во тендерот се пропишани строги критериуми за компаниите што би пројавиле интерес да го изведат сложениот зафат. Помеѓу останатото, секоја компанија треба да има просечен годишен промет како главен изведувач од 5 милиони евра во последните 5 години и барем два склучени договори од оваа област, при што зад секој пријавен проект треба да постои реализиран Систем за управување со сообраќај од најмалку 15 километри, поврзување на најмалку 50 крстосници со семафори, инсталација на видео и CCTV систем со најмалку 40 камери и инсталација на централен систем за управување со видео (CCTV) со голем екран за најмалку 20 видео стриминзи. Крајниот рок за доставување на тендерската документација е 9 април, а сите понуди мора да бидат придружени со тендерска гаранција од 35.000 евра.

 

Градските власти во октомври минатата година потпишаа договор за кредит во износ од 5,6 милиони евра, од кои 2,7 милиони евра се наменети за воведување на современ систем за управување на сообраќајот во Скопје. Проектот предвидува инсталирање на контролери на околу 70 крстосници, оптичка мрежа за поврзување на семафорските контролери, нови сообраќајни уреди, знаци со променлива содржина, камери за надзор на сообраќајот, како и поврзување со постојните АВЛ системи во јавниот превоз.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект