Претходна статија
Подземната сообраќајница во центарот на Скопје предизвика дебата на Градежниот факултет
Следна статија
Луна паркот ќе се проширува на 40.000 метри квадратни, понудите ќе се прибираат до 30 март

Ќе се бара концесионер за трамвај во главниот град

Објавено на 23.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

До крајот на мај или најдоцна до средината на јуни ќе биде распишан тендер за избор на концесионер за изградба и оперирање со една трамвајска линија во Скопје. Ова денес го соопшти градоначалникот Коце Трајановски, додавајќи дека концесионерот покрај изградбата на инфраструктурата, ќе треба да го набави и возниот парк. Според него, вредноста на инвестицијата се проценува околу 170 до 180 милиони евра, а периодот на концесија би изнесувал 35 години. Доколку работите одат според планираното, концесионерот ќе биде избран до крајот на годинава.

 

„Студијата покажа дека исплатливоста е на граница и сега се разгледува можноста ние како град Скопје да учествуваме во финансиската конструкција. Доколку има потреба може да побараме и помош од владата“ изјави градоначалникот.

 

Трамвајската линија ќе ги поврзува населбите Ново Лисиче и Ѓорче Петров, минувајќи по булеварот Јане Сандански, центарот на градот, и булеварот Партизански Одреди. Според планот на градските власти, нема да има издвојување на шинскиот превоз, односно трамваите ќе се движат по постоечките сообраќајници.

 

 

» Форумска дискусија за трамвај и лесна железница во Скопје