Претходна статија
Најавена реконструкција на Музејот на современа уметност
Следна статија
АДСДП нуди станови од 795 евра за квадрат во Аеродром

Голем интерес за градежните парцели во индустриската зона „Жабени“

Објавено на 09.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На одржаното јавно електронско наддавање за продажба на 31 градежна парцела во индустриската зона „Жабени“ се оттуѓија 16 парцели што ги купија три австриски компании, една германско – грчка и 12 македонски инвеститори. Од продаденото земјиште, 15 локации се наменети за изградба на индустриски објекти, а на една парцела ќе се гради објект за комерцијални цели.

 

Битолскиот градоначалник Владимир Талески во денешната изјава за медиумите истакна дека е задоволен од начинот на кој се развива индустриската зона. „Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона „Жабени“ досега се продадени околу 34 хектари или над 60 отсто од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти“, напоменува Талески.

 

Според податоците објавени на интернет страницата на општина Битола, по најновата лицитација се продадени вкупно 45 градежни парцели, а во текот на претстојните месеци во индустриската зона ќе започне изградбата на објекти од страна на 24 компании, меѓу кои и германскиот гигант „Кромберг и Шуберт“ кој ќе инвестира во фабрика за изработка на кабелски инсталации за автомобили.