Претходна статија
Претстојнава есен прилепчани ќе добијат јавен градски превоз
Следна статија
Македонските инфраструктурни проекти на удар од европските еколози

Повторна објава за продажба на градежни парцели во битолската касарна

Објавено на 03.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Битола денес во печатените медиуми објави оглас за отуѓување на четири градежни парцели со намена за изградба на големи трговски единици и хотелски комплекс на локација на поранешната битолска касарна „Стив Наумов“. Вкупната површина на понуденото земјиште изнесува 29.643 метри квадратни, од кои 14.518 метри квадратни се наменети за изградба на хотел, а останатите три парцели од 4.054, 7.772 и 3.299 метри квадратни се предвидени за комерцијални објекти. Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 3.200 денари за метар квадратен, освен парцелата за изградба на хотел која се нуди по 61 денар за метар квадратен.

 

Вкупната почетна цена на понуденото градежно земјиште изнесува 49.285.598 денари, а наддавањето за истото ќе се оддржи на 20 март. Доколку се продадат парцелите, инвеститорите на локацијата ќе може да изградат три комерцијални објекти со приземје и три, односно пет ката и еден хотел со приземје, седум ката и поткровје. Општинските власти досега во неколку наврати објавија огласи за отуѓување на градежното земјиште во битолската касарна , при што истите поминаа со делумен успех без да се продадат поголемите парцели. Предвидените проекти за поранешната касарна се преточени во три детални урбанистички планови со површина од 103 хектари.

 

 

Бојан Блажевски