Претходна статија
Потпишан договор за ветерниот парк во Богданци
Следна статија
Претстојнава есен прилепчани ќе добијат јавен градски превоз

Промовиран монтажниот паркинг во Капиштец

Објавено на 01.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Монтажниот паркинг долж улицата Народен Фронт во Капиштец, кој веќе некое време беше ставен во функција, денес беше и официјално промовиран од градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Ова претставува прва фаза од проектот, во која досега се вложени околу 670 илјади евра и со која се обезбедени 135 нови паркинг места. Монтирањето на објектот го изврши „Масон Инженеринг“. После заокружување на целиот проект кој се предвидува да чини околу 2,2 милиони евра, вкупниот број на нови паркинг места ќе изнесува 500.

 

####

 

 

Иако Општина Центар беше првата скопска општина која најави ваков начин на ублажување на проблемот со паркирањето и формалностите ги започна уште на почетокот на 2010 година, проектот се одолговлече, а Општина Аеродром во меѓувреме го отвори првиот ваков паркинг во главниот град.