Претходна статија
Се одолговлекува конечната одлука за „Чебрен“ и „Галиште“
Следна статија
Сакате да штедите енергија и да ги намалите сметките во Вашиот дом? Од каде да почнете?!

Помалку работа за македонските градежници во странство

Објавено на 31.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските градежни компании забележуваат позначителен пад во договорените и извршените работи на странските пазари, а особено загрижувачко е драматичното намалување на идните проекти што ќе треба нашата оператива да ги изведе надвор од Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на изминатата година вкупната вредност на извршените градежни активности во странство е намалена за 11% во споредба со 2010 година и истата изнесува 2.203.566.000 денари (35,8 милиони евра). Во ланските 12 месеци склучени се договори во вредност од 2.459.242.000 денари (40 милиони евра) што е за 39% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

 

Бројките покажуваат дека во 2011 година е зголемен обемот на извршена работа во Италија, Албанија, Словенија, Хрватска и Украина, додека како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција. Од друга страна, македонските градежници изгубија неколку држави каде што беа традиционално присутни, а како најдрастично се јавува отсуството на активности во Полска и Словачка. И покрај ваквата состојба, компаниите од овој сектор ја оценија изминатата година како позитивна поради зголемувањето на склучените договори на домашниот пазар.

 

 

Бојан Блажевски