Претходна статија
Јавна дебата по повод реконструкцијата на владината фасада
Следна статија
Два милиони евра за реконструкција на болници

Продадени парцели во индустриската зона „Македонка“ во Штип, се нудат нови парцели во индустриската зона „Жабени“

Објавено на 20.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Битола продава 31 градежна парцела во индустриската зона Жабени, по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е наменето за изградба на комерцијални и деловни објекти, како и објекти за производство, дистрибуција и сервиси. Парцелите се со големина помеѓу 3.740 и 12.959 метри квадратни и почетна цена од 61 или 900 денари за квадрат, во зависност од намената. Лицитацијата ќе се одржи на 08.02.2012, а пријавите на заинтересираните можат да се достават најдоцна до 31.01.2012.

 

Од Општина Битола соопштуваат дека досега се продадени 29 парцели во Жабени. Одобренија за градба добија две компании, германската „Кромберг и Шуберт“ и битолската „Велковски“. Подготовките за изградба на германската фабрика се веќе во тек, а за изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Пера Констракшн“. Од Општината најавуваат во наредниот период да започне изградбата на вкупно 12 фабрики во зоната.

 

Општина Штип денес ја организираше првата електронска јавна лицитација за оттуѓување на градежно неизградено земјиште во индустриската зона „Македонка“. Продадени се три градежни парцели со вкупна површина од 9.067 метри квадратни со намена за изградба на стопански објекти. Првата парцела со површина од 3.289 метри квадратни е купена по цена од 201 денар за метар квадратен, односно 661.000 денари. На втората аукција продадено е земјиште со големина од 2.905 метри квадратни, чија цена достигна 195 денари за метар квадратен или вкупно 566.000 денари. На последната лицитација постигната е највисока цена од 400 денари за метар квадратен, односно 1.149.000 денари за парцела со површина од 2.873 метри квадратни.