Парцела со големина од 61.443 метри квадратни во општина Ресен, наменета за изградба на стопански компплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи, ќе оди на електронска лицитација со почетна цена од едно евро за квадрат. Градежната маркичка предвидува објект со максимална површина од 56.315 метри квадратни и висина од 12 метри.
Идниот инвеститор се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба, а објектот да го изгради во рок не подолг од 6 години од денот на добивање на одобрението. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за секој изминат месец. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 16.02.2012, а наддавањето ќе се одржи на 23.02.2012.