Претходна статија
Скопје на второ место во Европа според атрактивноста за инвестирање во недвижности
Следна статија
Во ноември опаднала вредноста на градежните активности

Германската „Бабкок Борсиг“ ќе ги модернизира котлите на РЕК „Битола“

Објавено на 05.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) потпиша договор во вредност од 90 милиони евра со кој ќе се модернизираат трите котловски постројки во РЕК „Битола“, пренесува српскиот деловен портал Е – Капија. Германската енергетскa компанија „Бабкок Борсиг“ (Babcock Borsig Steinmüller GmbH) во наредните 3 години ќе треба да ги ревитализира парните котли во најголемиот производител на електрична енергија во земјава, а главната цел на овој проект е зголемување на ефикасноста и продолжување на експлоатацискиот век на термоелектраната за 120.000 работни часови.

 

Во изминатите 3 години активно се работи на надградба на инсталираната моќност на турбо агрегатите на трите енергетски блока за дополнителни 25 мегавати со што би се зголемило производството на електрична енергија за 160 до 200 гигават часови на годишно ниво. Во октомври минатата година беше пуштен во употреба вториот модернизиран блок на РЕК „Битола“, а во 2012 година се предвидува да заврши автоматизацијата и на третиот блок од овој енергетски објект. Руската компанија „Силовие машини“ (ОАО Силовы́е маши́ны) е задолжена за извршување на работите за целосна модернизација и автоматизација на генераторите и турбо агрегатите со потпишаниот договор во 2009 година.

 

 

Бојан Блажевски