Претходна статија
Продадени 54 хектари градежно земјиште во Петровец
Следна статија
Германската „Бабкок Борсиг“ ќе ги модернизира котлите на РЕК „Битола“

Скопје на второ место во Европа според атрактивноста за инвестирање во недвижности

Објавено на 04.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Интернет сајтот „Global Property Guide“ во чиј фокус се резиденцијалните недвижности ширум светот, високо го рангираше Скопје во листата на најатрактивни локации за вложување во недвижен имот во Европа. Во ранкингот „Europe’s top 20 places to invest in property“ доминираат градови од источна и централна Европа. Главниот град на Македонија го зазеде второто место, веднаш зад Будимпешта. Скопје е оценето како место со високи приходи од недвижности, пазар кој е во интерес на оние кои издаваат простор, ниски трансакциски трошоци и умерен данок на доход. Како негативни страни се наведени сопственичките рестрикции, како и политичките и безбедносните прашања.

 

 

Комплетната листа:

 

1. Будимпешта (Унгарија)

2. Скопје (Македонија)

3. Амстердам (Холандија)

4. Истанбул (Турција)

5. Загреб (Хрватска)

6. Талин (Естонија)

7. Берлин (Германија)

8. Рим (Италија)

9. Рига (Латвија)

10. Кишињев (Молдавија)

11. Варшава (Полска)

12. Букурешт (Романија)

13. Братислава (Словачка)

14. Љубљана (Словенија)

15. Виена (Австрија)

16. Брисел (Белгија)

17. Софија (Бугарија)

18. Прага (Чешка)

19. Хелсинки (Финска)

20. Париз (Франција)