Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Привршува изградбата на триумфалната порта
Следна статија
Скопските таксисти ќе се унифицираат во бело - жолта боја

Работите на теренот на националниот стадион напредуваат според планот

Објавено на 29.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На фудбалското игралиште на Арената „Филип Втори“ привршува поставувањето на дренажни цевки и ободни канали, а паралелно тече и нанесувањето на речен чакал врз инсталациите, којшто исто така ќе биде во функција на дренажата. Засега активностите се одвиваат според зацртаното темпо.

 

Најпрвин се изврши бонификација на тлото, а потоа беше поставен слој од глина којашто ќе биде брана за подземните води и воедно ќе ги насочува атмосферските води кон дренажниот систем. Дренажните цевки кои моментално се инсталираат долж теренот, преку ободни канали ќе се слеваат во четири шахти на аглите на игралиштето од каде што ќе бидат исфрлани во мрежата на атмосферска канализација. Следи поставување на дренажен филц, а потоа смеша од компостирана земја, песок и тресет во сооднос 20-60-20 проценти. На крајот ќе биде нанесен слој од ситен песок како основа за поставување на бусени трева.

 

Работите на теренот и атлетската патека започнаа на 9 ноември и тогаш беше најавено дека во март догодина арената ќе биде повторно спремна за спортски натпревари. Во меѓувреме се работи и на кружната улица околу „Филип Втори“. Оваа сообраќајница во функција на стадионот ќе биде долга околу 700 метри, ќе има две сообраќајни ленти со вкупна ширина од седум метри и тротоари широки по два метри. Вредноста на инвестицијата е 600 илјади евра, а средствата ги обезбедија Градот Скопје, Општина Центар и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и де­ло­вен простор, сите партиципирајќи со по 200 илјади евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

###

###

###

###