Претходна статија
Едукативни содржини во Градскиот парк во Скопје
Следна статија
„Градски паркинг“ ќе отвори 2.000 нови паркинг места во 2012 година

Продадени 3.092 метри квадратни во старата касарна во Гевгелија

Објавено на 28.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По пат на електоронско јавно наддавање што го организираше Општина Гевгелија, продадено е државно градежно земјиште во месноста викана град, во реонот на поранешната гевгелиска Касарна. Површината на парцелата изнесува 3.092 метри квадратни, а постигнатата цена за еден метар квадратен е 111 денари. Градежната маркичка предвидува зграда со приземје, два ката и поткровје, со максимална висина на венец до 10 метри. Основната класа на намена на земјиштето е за објект за времено сместување, со компатибилната класа на намена за мали комерцијални и деловни објекти. Купувачот е обврзан со рок за изградба од 72 месеци, додека рокот за прибавување на одобрение за градба е девет месеци.

 

Општина Гевгелија од Министерството за транспорт и врски неодамна го доби во владение државното градежно земјиште на својата територија. Ова е второ електоронско јавно наддавање што го организираше локалната самоуправа. Со првото, на почетокот на декември, беа продадени четири плаца во областа Караорман.