Претходна статија
Железница го објави возниот ред за 2012 година
Следна статија
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде збогатен и со аква парк

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде збогатен и со аква парк

Објавено на 09.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На запуштениот простор околу терасата на базенот „Младост“ во Карпош, управата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ планира да гради аква парк [»мапа]. Паркот би опфатил 5.600 метри квадратни нова површина, додека заедно со летната тераса на „Младост“ би имал вкупно 6.500 метри квадратни.

 

Физибилити студијата предвидува базен со бранови, разни видови тобогани од кои најголемиот е долг 45 метри и е со висина од 15 метри, голема прекршена лизгалка, инка, мрзлива река со водопад и остров за релаксација во средината. Исто така ќе има „детски свет“ со потопен брод-играчка и разни реквизити за најмладите. Во рамките на аква паркот ќе функционираат четири барови кои ќе можат да опслужат вкупно 250 гости, а целиот комплекс ќе може да прими најмногу 1.000 посетители. Висината на инвестицијата се проценува на 2.800.000 евра. За реализација на овој проект Општина Карпош треба да направи измена во деталниот урбанистички план, бидејќи во моментов на тој простор е зацртан паркинг.

 

Во продолжение следат 3Д визуелизации според еден од предложените идејни проекти, кој е дело на Методи Хаџи-Андов и Игор Мартиноски. Визуелизациите ги изработија Златко Лазаровски и Бојан Тасев:

 

###

###

 

 

* Заради избегнување на било какви можни забуни во врска со информациите за идејниот проект, статијата е корегирана (оригиналната статија е достапна на следниот линк). Се извинуваме за евентуалните непријатности предизвикани од непрецизната формулација содржана во првичната објава.