Претходна статија
Проект за енергетска ефикасност на станбените објекти
Следна статија
Значително зголемување на издадените одобренија за градба

Започна изградбата на новиот објект на „Водовод и канализација“

Објавено на 04.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со поставувањето на камен – темелник од страна на премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева, денеска започнаа градежните работи за изградба на новиот управен објект на Ј.П. „Водовод и канализација“.

 


*Извор на фотографија: интернет портал на Град Скопје

 

 

Административната зграда ќе се гради според идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски, ќе биде висока 21 метар, ќе има 5 ката и подземен паркинг на три нивоа со капацитет за 138 возила. Површината за градба изнесува 5.326 метри квадратни, додека површината на подземните нивоа изнесува 5.334 метри квадратни. Зградата ќе се гради во барокен стил на локацијата на поранешните бараки на ова јавно претпријатие.

 

 

 

Финансиската конструкција на новиот управен објект изнесува 610 милиони денари. Како инвеститор се јавува Ј.П. „Водовод и канализација“, градежните работи ќе ги изведува скопската подружница на компанијата Алпине Бау ГмбХ, а надзорот е доверен на Прима Инженеринг. Се очекува новата зграда да биде завршена во рок од 3 години. На просторот на поранешните бараки под Кале веќе неколку месеци се гради и Градската куќа, објект што ќе ја вдоми администрацијата на Град Скопје.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски