Претходна статија
ТЕМА: Термални води имаме, геотермална енергија не произведуваме
Следна статија
Економската состојба во градежниот сектор се подобрува

Алтернативен модел за изградба на патниот Коридор 8

Објавено на 14.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата ќе бара нов модел за изградба на патниот Коридор 8 по пропаѓањето на тендерот за концесионирање на македонските автопати. „Беа разгледувани повеќе нови модели. Како што беше најавено, во делот на концесијата на Коридор 8 ќе бараме алтернативни решенија. Денеска се зазема став околу некои од патните правци за кои би се одело на модел на концесионирање, а за некои ќе се оди со буџетско финансирање. Согласно утврдената динамика тие ќе влезат во програмата за развој на Агенцијата за државни патишта“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, пренесува интернет – порталот на Владата на Р.М. Засега е непознато кои од најавените автопатски делници ќе се градат со државни пари, а за кои повторно ќе се бара потенцијален инвеститор.

 

 

 

Во првата половина на октомври истече рокот за доставување барања за учество во постапката за доделување под концесија на македонските автопатишта. Ниту еден од субјектите кои ја поминаа претквалификационата фаза не достави понуда за некој од предложените пакети на патни правци што ги понуди државата. Иако првичниот рок за доставување понуди од страна на конзорциумите беше три пати пролонгиран, сепак не се јавија потенцијални инвеститори.

 

 

Бојан Блажевски