Претходна статија
ААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело
Следна статија
Пад на бројот на издадени градежни дозволи во септември

Спомен куќата на Тоше Проески доби награда на фестивал во Барселона

Објавено на 06.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските архитекти Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски од „Синдикат Студио“  ја примија наградата на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона за освоеното прво место за проектот Спомен куќа на Тоше Проески [»мапа] во категоријата People’ s Choice Award. Според јавното гласање на интернет корисниците на OpenBuildings, популарниот објект од Крушево доби 15.078 гласови и заврши на првата позиција пред Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и комплексот Атмосфера во Калкута.

 

Главната награда на овогодинешното издание на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона ја освои деловниот објект MEDIA – TIC сместен во 22@ – новиот округ на иновацијата и технологијата во Барселона. Зданието е дизајнирано во 2007 година од страна на студиото Cloud 9. Главниот мотив за доделувањето на наградата на овој објект е применетата технологија која ја намалува емисијата на јаглерод диоксид за 95% на годишно ниво со што истиот влегува во т.н. Net – Zero Energy Building (NZEB).

 

Главната награда за иден проект на годината ја доби Hanimaadhoo – меѓународен аеродром на Малдивите, а во десетина други категории се доделија награди за најдобри архитектонски зданија според намената на објектите. Меѓународниот фестивал за архитектура е основан во 2008 година и од тогаш секоја есен се одржува во Барселона.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

####

 

 

#

####

 

 

Бојан Блажевски