Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, организира доделување на наградата за животно дело и особени достигања од областа на архитектурата и градителството, „Андреја Дамјанов“. Добитник на наградата за 2011 година е Мимоза Несторова Томиќ д.и.а. Доделувањето ќе се одржи на 4 Ноември (петок) со почеток во 19:30 часот, во црквата Пресвета Богородица во Скопје, објект кој е дело на Дамјанов. Со добивањето на наградата, лауреатот станува академик при Архитектонската Академија на ААМ.
Андреја Дамјанов (1813-1878) е голем македонски архитект и градител кој во XIX век работел на проектирање и изградба на преку 40 црковни и профани објекти во Македонија и други земји.