Вкупно 687.387 метри квадратни, распределени во 21 парцела на територијата на општина Петровец, ќе се обиде да продаде државата на јавно наддавање закажано за наредниот месец. Се работи за земјиште опфатено со „Урбанистички план за вон населено место Ќојлија, за мултифункционална зона“. Четири од парцелите се со намена за големи трговски единици, петнаесет се наменети за лесна и незагадувачка индустрија, една има намена за здравствен објект и една е со намена за објект од образованието и науката. Почетната цена варира од 50 до 250 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 17.11.2011, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.11.2011.