Претходна статија
Жителите на Центар не го сакаат „барокот“ на нивните згради
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Привршува изградбата на „Јахја Кемал“ во Тафталиџе

800 илјади евра од УЕФА за стадионот под „Тумбе кафе“

Објавено на 30.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Битолскиот градоначалник Владимир Талески и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Илчо Ѓорѓиоски ја договорија реконструкцијата на фудбалскиот стадион под „Тумбе Кафе“. Во согласност со потпишаниот договор, на битолскиот стадион ќе се реконструира теренот и ќе се постави природна трева, а исто така е предвидено поставување на рефлектори за ноќни фудбалски натпревари. Овој сегмент од реконструкцијата ќе биде финансиран со средства обезбедени од УЕФА. „Станува збор за проект од УЕФА од програмата „Хет – трик четири“ кој овозможува поставување природна трева на теренот според стандардите на УЕФА“ изјави директорот на фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиоски. Вредноста на проектот е околу 800 илјади евра.

 

Покрај ФФМ, за стадионот планови има и Општина Битола. „Ние имаме и проект за реконструкција и доизградба на стадионот за 12.000 гледачи и очекуваме деновиве заинтересираните фирми за изградба на стадионот да го соопштат нивниот интерес, а потоа ќе распишеме оглас за јавно – приватно партнерство“ рече градоначалникот на Битола Владимир Талески. Покрај санација на постоечката трибина, проектот предвидува изградба на три нови трибини и на атлетска патека, инвестиција проценета на околу 8 милиони евра.