Претходна статија
Годинава 9 милиони евра за системи за наводнување и одводнување
Следна статија
Се реконструираат 2,5 километри автопат кај Петровец

80 илјади рекоа „НЕ“ на изградбата на брани во Националниот парк „Маврово“

Објавено на 11.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските еколошки организации успеаја да соберат 79.473 поддржувачи од земјата и од странство за запирање на проектите за изградба на „Бошков мост“ и „Луково поле“ во Националниот парк „Маврово“. Меѓународната електронска петиција за спас на еден од најстарите национални паркови во Европа започна на 9 април годинава, а граѓаните можеа да ја дадат својата поддршка до 5 август. Петицијата е упатена директно до македонскиот премиер Никола Груевски, директорот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и до директорот на Светската банка за Југоисточна Европа, и со неа се бара прекин на финансирањето на овие енергетски капацитети и дефинитивно откажување од нивната реализација.

 

 

 

Покрај македонските организации, во кампањата се вклучија и меѓународни здруженија за заштита на животната средина. „Овие проекти не се само закана за уништување на националниот парк, туку тие ја поткопуваат самата идеја на националните паркови во целина“, вели Gabriel Schwaderer, извршен директор на фондацијата „Euronatur“. Екологистите тврдат дека изградбата на хидроелектраната „Бошков мост“ и на акумулацијата „Луково поле“ ќе го оневозможи природното движење на балканскиот рис и ќе доведе до негово исчезнување. Меѓународните финансиски институции се подготвени во двата проекти да инвестираат 135 милиони евра.