Претходна статија
Државата ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, очекува помош од домашните банки
Следна статија
Во рекорден рок се исцрпени годинашните субвенции за сончеви колектори

7,9 милиони денари за непредвидени работи при изградбата на Градската куќа

Објавено на 26.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје потпиша нов договор со изведувачот „Бетон“ од Скопје за изведба на непредвидени работи поврзани со изградбата на Градската куќа, лоцирана под Скопското Кале. Со дополнителниот договор во висина од 7.913.757 денари ќе се извршат непредвидени работи во фазата машинство, изведбата на електричните инсталации и електриката во идниот административен објект. Со најновиот договор се зголеми вкупната вредност на овој објект од проектот „Скопје 2014“ на над 17 милиони евра (1.049.263.757 денари).

 

 

Градската администрација планира да ја доврши изградбата на „неокласичното“ здание, а нема промени и во однос на неговата досегашна намена. Службениците на Град Скопје треба да се сместат во новиот објект, којшто во моментов има завршена фасада, но не е комплетирано внатрешното уредување на канцеларискиот простор. Дополнителни средства за оваа намена ќе треба да се одвојат во наредниот период, за што Градот Скопје ќе треба да склучи дополнителен договор.

 

Административното здание под Скопското Кале е замислено да има шест надземни и три подземни нивоа, во кои би се сместиле околу 650 административци и би се обезбедил подземен паркинг со капацитет од 170 возила. Автори на недоградениот објект се Иван Кокалановски и Борче Стојковски од „КАД Биро“. Камен – темелникот на ова здание беше поставен на 3 јуни 2011 година, при што неговата изградбата беше предвидено да заврши до 2015 година.