Претходна статија
Две години доцни изградбата на студентскиот дом „Невена Георгиева - Дуња“
Следна статија
Создадени сите предуслови за изградба на новото училиште во Капиштец

610 илјади евра за реконструкција на осум училишта во земјава

Објавено на 22.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука распиша тендер за избор на компании што ќе ја спроведат реконструкцијата на објектите на осум основни училишта на територијата на неколку општини. Со планираниот зафат ќе се санираат средното училиште „Методија Мицевски – Брицо“ во Скопје, како и основните училишта „Бајрам Шабани“ во село Долно Свиларе, „Даме Груев“ во селото Куклиш, „Агим Агуши“ во селото Радолишта, „Глигор Прличев“ во Охрид, „Братство Единство“ во Дебар, „Св. Кирил и Методиј“ во селото Романовце и „Бајрам Шабани“ во Куманово.

 

Проценетата вредност на зацртаните градежни активности е изнесува 37.711.864 денари, односно околу 610.000 евра. Финансиските средства за проектот ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија. Предвидено е реконструкцијата на училишните простории да се одвива во временски период од 12 месеци. Заинтересирани фирми имаат рок до 11 февруари за да ги достават своите понуди за учество на распишаниот тендер.