По изборот на победничкото идејно решение, Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје во наредните шест месеци ќе работи на изготвувањето основен проект за идниот универзитетски кампус во скопската касарна „Илинден“. Тетовското архитектонско студио BH Architects е избрано за изработка на проектната документација, за која е предвидено да се одвојат 57.230.000 денари, со вклучен ДДВ. Архитектите од ова биро беа добитници на првата награда на архитектонскиот Конкурс што беше организиран изминатава есен.
Планираниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се гради на државно неизградено земјиште со површина од 22.280 метри квадратни. Бруто развиената површина на идните објекти ќе изнесува 31.980 метри квадратни. Во идниот кампус во касарната „Илинден“ ќе се сместат зградите на пет факултети, при што во комплексот е предвидено да се изгради и затворен базен со полу – олимписки димензии.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk