Претходна статија
Тендер за реконструкција на градскиот плоштад во Кавадарци
Следна статија
Изложба „55 години сеќавање - од архивите на еден град“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

43,7 милиони денари за изградба на канализација во Дабиле и Просениково

Објавено на 26.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски ја избра скопската градежна фирма „Вардарградба“ за изведувач на идните фекални канализациони системи за селата Дабиле и Просениково во општина Струмица. Градежните активности ќе чинат над 43,7 милиони денари, обезбедени од државниот буџет. Главен критериум за избор на најповолен понудувач била најниската цена, а рокот за изведба е 12 месеци.

 

Македонската влада годинава обелодени дека обезбедените средства од неизградбата на штипскиот карго аеродром ќе ги пренасочи кон изградба на нови канализациони системи во населените места низ земјава. Министерството за животна средина и просторно планирање во мај годинава додели средства на седум општини за изработка на документација и за изградба на канализациони системи и за одведување на отпадните води. Главната цел на овие инфраструктурни зафати е да се зголеми покриеноста на македонските општини со канализациони системи.