Претходна статија
Граѓаните против изградба на нови станбени згради во Аеродром
Следна статија
Се продаваат осум градежни парцели во скопското село Орешани

40,2 милиони денари за ЛЕД екран на владината палата „АСНОМ“

Објавено на 18.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада ќе ја накити палатата „АСНОМ“ (некогашното седиште на Комерцијална банка) со нов ЛЕД екран, на кој ќе се емитуваат содржини за минувачите на веќе комплетираниот плоштад „Мајка Тереза“. Нaд 40,2 милиони денари од државниот буџет ќе се потрошат за набавка и поставување на замислениот рекламен објект. Изведбата на ЛЕД екранот ќе ја врши компанијата „Бетон“ од Штип, а истиот е веќе набавен од фирмата „Сенсор“ од Скопје. Накитувањето на едно од најмаркантните зданија на постземјотресно Скопје ќе се реализира во рок од четири месеци. На прашањето „Зошто?“ се врши вакво непочитување на оригиналниот изглед на објектот, засега никој не дава одговор.

 

 

 

Покрај ЛЕД екран, некогашното седиште на Комерцијална банка тивко се подготвува за изведба на „барокна“ фасада од проектот „Скопје 2014“. Градот Скопје пред четири месеци го објави Конкурсот за избор на идејно решение за промена на фасадата на овој објект. Ако се спроведе намерата на државната власт и на локалната самоуправа, тогаш објектот на Македонска опера и балет ќе остане единственото здание од постземјотресно Скопје што ќе остане нечепнато на плоштадот „Мајка Тереза“.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk