Претходна статија
Премиерот најавува изградба и реконструкција на шест болници
Следна статија
Приватен инвеститор ќе ги добие пристаништето и марината во Охрид?

400 илјади евра за унификација на 60 излози во скопската чаршија

Објавено на 17.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектот за унифицирање на излозите во Старата скопска чаршија ќе започне од 1 октомври. Годинава е планирано да се унифицираат излози на 60-тина дуќани, за кои се изготвени идејни решенија и во моментов се подготвува техничката документација за претстојниот зафат. „Министерството за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирање на излози во Старата скопска чаршија. Апликациите сè уште не се поднесени затоа што проектот мора прво да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура“, вели министерот за економија Беким Незири

 

 

 

Промената на изгледот на Старата скопска чаршија беше најавена уште на почетокот од годинава. Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити тогаш појасни дека како урнек за реализација на проектот во Скопје е земен примерот од реставрацијата на сараевската чаршија. Во мај годинава беа избрани идејните решенија за уредување на излозите и рекламите во чаршијата. Министерството за економија ја додели втората награда на фирмата „Фајнарт мултимедија“, додека третата награда и припадна на „БИМС компани ДООЕЛ“.