Претходна статија
„Иванов инженеринг“ ќе го изработи новиот ГУП за Струга
Следна статија
Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат новиот Клинички центар да се гради во општина Петровец

3,9 милиони евра за изградба на клучка кај ТИРЗ Прилеп

Објавено на 25.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Македонско – босански конзорциум од фирмите „Карпош АД“ од Скопје и „ХЕРИНГ ДД“ од Широки Брег ќе го гради денивелираниот патен јазол за Технолошко – индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Прилеп. Дирекцијата за ТИРЗ го потпиша договорот за изведба на еден од најзначајните инфраструктурни објекти во индустриската зона кај селото Алдинци, во кој ќе се инвестираат 240.229.127 денари, односно околу 3,9 милиони евра. Избраниот изведувач на патната инфраструктура е должен да ги заврши градежните работи во рок од 15 месеци.

 

Изведбата на денивелираниот патен јазол е една од најзначајните инвестиции што ќе обезбеди натамошен развој на ТИРЗ Прилеп. Во оваа индустриска зона со површина од 67 хектари успешно функционираат германската компанија „Акомпласт“ и „Гентерм“, а во нејзини рамки ќе се отвори и фабрика на германската фирма „ВИК“. Изградбата на ТИРЗ Прилеп започна во декември 2012 година, при што првичната цел на државата беше да се изведе патната, електричната, водоводната и канализационата инфраструктура во прилепската индустриска зона.