Претходна статија
Аеродромите со пораст на бројот на патници за 17,2%
Следна статија
Проблематичните ДУП-ови во Центар одат пред Уставниот суд

1,7 милиони евра за надзор над изградбата на гасоводот кон Неготино

Објавено на 20.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Магистралниот гасовод Клечовце – Штип – Кавадарци – Неготино ќе почне да се гради во текот на претстојнава есен, а земјава ги реализира финалните подготовки за создавање услови за изведба на овој инфраструктурен проект. Министерството за транспорт и врски склучило договор со „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ за надзор над изградбата на ЛОТ 1 од мрежата на магистрални гасоводи, кој ја опфаќа трасата од кумановското село Клечовце до Неготино. За овие услуги се обезбедени финансиски средства во износ од 103.014.000 денари или околу 1,7 милиони евра. Договорот опфаќа временски период од 365 дена.

 

#Според последните информации околу изведбата на овој проект, магистралниот гасовод во должина од 60,7 километри најпрво ќе стигне само до Штип, додека дополнителни средства ќе треба да се одвојат за првично ветената траса до Кавадарци и Неготино. Финансиската конструкција на проектот изнесува 75 милиони долари, од кои 60 милиони долари произлегуваат од намирувањето на рускиот клириншки долг кон земјава. Останатите 15 милиони долари ќе се обезбедат од државниот буџет. Проценките се дека долгонајавуваниот магистрален гасовод ќе биде завршен најдоцна до јуни 2016 година.