Главниот извршен директор на Светската банка Кристалина Георгиева денеска најави дека на земјите од Западен Балкан ќе им стави на располагање 150 милиони долари за унапредување на ефикасноста на главните сообраќајни коридори и проширување на трговските врски. Светската банка има намера да го поддржи поедноставувањето на процедурата на граничните премини, подобрувањето на ефикасноста на логистичките услуги и примената на современата технологија во транспортот.
* Извор на фотографија: Влада на Р.М.
Како што соопштуваат од македонската влада, со оваа поддршка од Светската банка би се оформил бенефит за државите од Западен Балкан во вкупна вредност од 1 милијарда долари. Македонскиот премиер Зоран Заев ја поздрави ваквата иницијатива на Светската банка, посочувајќи дека изградбата на Коридорите 8 и 10 се дополнителна можност за раст и развој на регионот. Во бугарската метропола Софија се одржува меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, чиј домаќин е Светската банка.