Претходна статија
По три години пауза, Град Скопје повторно ја актуелизира идејата за изградба на трамвај
Следна статија
Догодина нов обид за подготовка на проектот за обиколница околу Ресен

15 парцели за изградба на фабрики, викендици и хотел се продаваат во Велес

Објавено на 27.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Велес денеска распиша оглас за продажба на 15 градежни парцели за изградба на индустриски објекти, викенд – куќи и хотелски комплекс. Во индустриската зона „Мамутчево“ се нудат седум локации со површина од 8.124 до 104.265 метри квадратни за изградба на фабрички погони од лесната и незагадувачка индустрија. Огласеното земјиште со вкупна големина од над 220 хектари се продава по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, додека електронската лицитација за негово отуѓување ќе се одржи на 16 јануари 2019 година.

 

На заинтересираните инвеститори им се нуди земјиште од 10.659 метри квадратни крај велешкото езеро „Младост“ за изградба на хотелски комплекс со приземје и три ката. Вредноста на ова земјиште е проценета на 283 денари за метар квадратен, што претставува почетна цена на електронското јавно наддавање закажано за 17 јануари. Истиот ден ќе бидат отуѓени и седум локации за изградба на викенд – куќи во Башино Село и Новачани. Почетната цена на ова градежно земјиште изнесува 283 денари за метар квадратен.