Претходна статија
Продадени 14 парцели за изградба на куќи и зграда во Илинден
Следна статија
Реконструирани патиштата Тетово - Јажинце и Струга - Дебар

13,2 милиони евра за системите за наводнување

Објавено на 18.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Со Програмата за рурален развој на македонската влада ќе се инвестираат 13,2 милиони евра за изградба на нови и санација на постоечките системи за водоснабдување на земјоделските површини на целата територија на земјата. Потребата од вложување во системите за наводнување произлегува од неколкудецениската старост на постоечката мрежа, која е неопходно да се одржува, но и да се изградат нови системи. Прва на листата од инвестиции е замената на стариот со нов цевковод во близина на населеното место Логоварди, кој е дел од мрежата на ЈП Хидросистем „Стрежево“ од Битола. Реализацијата на овој проект треба да почне во најскоро време преку обезбедените средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој ќе опфати замена на 500 метри челични цевки, со кои ќе се надминат повремените дефекти што предизвикуваа поплавување на земјоделските површини.

 

Покрај овој санационен зафат во битолскиот регион, во постапка на реализација во моментов се уште два други проекти кои ќе се завршат со директна владина финансиска поддршка. Хидросистемот „Стрежево“ е изграден во 1982 година и е наменет за наводнување на 20.200 хектари земјиште од Пелагонискиот регион. Главниот доводен канал за снабдување со вода на корисници е со вкупна должина од 44 километри, алиментациониот канал за собирање на водите е долг 61,5 километри, додека акумулацијата „Стрежево“ има капацитет да собере 109 милиони метри кубни вода.