Претходна статија
Меѓународниот бренд на хотели „Mercure“ со својот првенец во Тетово
Следна статија
Рокот за автопатот Миладиновци - Штип продолжен до септември 2018 година

13 граѓански иницијативи со барања до владата од областа на урбанизмот и зелената економија

Објавено на 13.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Целосно ревидирање на легислативата за животната средина и мораториум за градење во Скопје и Охрид до ревизија на урбанистичките планови бараат 13 еколошки организации, здруженија на граѓани и граѓански иницијативи од неколку општини. Тие до македонската влада и премиерот Зоран Заев доставија барања за преземање на итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и почвата. Од извршната власт се бараат финансиски средства за мерните инструменти што го следат загадувањето на животната средина, но и решавање на критичките точки за загадување.

 

*РЕК „Битола“; Фото: Архива на „Билд“

 

Во барањата се наведува потребата од ремедијација на скопски ОХИС и велешката Топилница, коишто се најризични точки за животот на граѓаните и целокупната средина. РЕК „Битола“ да ги исполни неопходните мерки за заштита на животната средина со поставување на филтри и затворен систем за отпрашување. Невладиниот сектор од земјава бара дислокација на загадувачката индустрија надвор од населените места, и тоа минимум 10 километри од нивните граници. Постојните договори за концесии за нови рудници да се укинат, но и да се забранат рудниците од површински коп и употреба на цијанид. Меѓу поднесените барања е и забраната за движење на сите мобилни извори што загадуваат под ЕУРО 3 стандардите.

 

Барањата до македонската влада се поднесени од граѓанските иницијативи „Стоп на загадувањето“, „Воздух сега“, „Ние сме Карпош 4“, „Охрид SOS“, „Скопје Смог Аларм“, „Спас за Водно“, „Куманово бара чист воздух“, „О2 Коалиција за чист воздух“, еколошкото движење „Еко Герила“ од Тетово, Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ“, здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и здружението „ЗА НАС СЕ РАБОТИ“ од Битола.