Претходна статија
Ќе се изработи проект за катна гаража во скопскиот Клинички центар
Следна статија
Вратена пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје

13,2 милиони денари за реконструкција на „Лондонска“ и „Ацо Шопов“ во општина Карпош

Објавено на 24.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ја започнува санацијата на улиците „Ацо Шопов“ и Лондонска“ на територијата на општина Карпош. Сообраќајницата што води од кружниот тек во Влае кон населбата Злокуќани ќе ја обновува „Ескаватори-МК“ од Скопје во наредните 5 месеци. Нов асфалт ќе се постави на трасата од раскрсницата со булеварот „Илинден“ до раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“, за што се издвоени над 5,9 милиони денари.

 

Градските власти ја избраа фирмата „Бауер БГ“ од Скопје за изведувач на градежните работи на улицата „Лондонска“, која што ќе се реконструира на потегот од раскрсницата со улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ во населбата Тафталиџе. Рокот за изведба на овој проект е 6 месеци. Од буџетот на Град Скопје за негова реализација се наменети средства во висина од над 7,3 милиони денари.