Претходна статија
Ќе се доградува хотелот Молика на Пелистер
Следна статија
Вештачки земјотрес ги стресе облакодерите на „Џеваир“

1,2 милиони евра за три фасади на улица „Македонија“

Објавено на 19.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градските власти на Скопје продолжуваат со менувањето на изгледот на објектите во центарот на градот. Објавен е нов тендер преку кој се бара изведувач којшто ќе ги реконструира фасадите на три згради на улица „Македонија“ со број 9, 10 и 12, а градската администрација проценува дека новите „стилски“ фасади ќе чинат околу 1,2 милиони евра. Крајниот рок за доставување понуди е 09.05.2016. Во градскиот буџет за годинава за „барокизација“ на фасади се предвидени околу 6 милиони евра. Периодов што следи, меѓудругите треба да се рефасадираат и зградите во близина на плоштадот „ВМРО“, односно објектите „Палома бјанка“, „Технометал“, ТЦЦ „Плаза“ и „Лотарија на Македонија“.