Претходна статија
Се гасифицираат нови делови од Струмица
Следна статија
Општина Карпош ќе изведе 20 термички фасади на постари згради

1,2 милиони евра за изградба на три спортски сали во училиштата

Објавено на 15.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука ќе изгради три нови спортски сали во склоп на оние основни училишта кои во моментов немаат услови за изведување на спортски активности. Станува збор за училиштата „Св. Кирил и Методиј“ во скопската општина Центар, „Шемшево“ во тетовското село Шемшево и „Св. Климент Охридски“ во струшкото село Дрслајца. Од државниот буџет за оваа намена се алоцирани 75.586.853 денари, односно околу 1,2 милиони евра. Спортската сала во скопското основно училиште ќе биде завршена во рок од осум месеци, додека останатите два објекти е треба да се комплетираат за четири месеци.

 

 

 

Изведувач на објектот во рамките на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ е ќе биде „Бауер БГ“ од Скопје, салата во селото Шемшево ќе ја изведува „НБ-Цомпану“ од Тетово, додека во Струга објектот ќе го гради фирмата „Феџо-компани“ од село Слатина. Тендерот за избор на најповолен понудувач за изградба на објектите беше објавен на почетокот од ноември годинава.