Претходна статија
Нови 22 парцели за изградба на куќи се нудат во населбата „Јака“
Следна статија
Електричните возила остануваат непознаница во Македонија

12 милиони евра ќе се вложат во нова општинска зграда на Ѓорче Петров

Објавено на 26.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После неколкугодишни ветувања и еден неуспешен оглас за пронаоѓање на приватен инвеститор, општина Ѓорче Петров денеска го потпиша договорот за јавно – приватно партнерство за изградба на новата општинска зграда, на земјиштето спроти трговскиот центар „СП Планет“. Како приватен инвеститор во проектот се јавува компанијата „Трансмет“ од Скопје, која во неговата реализација треба да вложи околу 12 милиони евра. Вкупната површина на објектот ќе изнесува 15.000 метри квадратни, на „Трансмет“ ќе и припаднат 11.400, додека општината ќе задржи 3.600 метри квадратни. Со проектот е предвиден подземен паркинг на две нивоа, со вкупно 350 паркинг места, од кои 40 ќе преминат во владение на општина Ѓорче Петров.

 

Рокот за изградба на објектот изнесува 36 месеци, од кои шест се предвидени за изработка на проектната документација и 30 месеци за изградба. Изведбата на општинската зграда на Ѓорче Петров е проект што се ветуваше неколку години. Во 2005 година беше изработено и идејно решение кое никогаш не се оствари. Зад овој проект стои и еден неуспешен оглас за пронаоѓање на приватен партнер, распишан во ноември 2011 година. Локалната власт е уверена дека овој пат граѓаните ќе добијат модерна и функционална општинска зграда.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект