Претходна статија
Во Кочани се продаваат 14 парцели за фабрики и викендички на Пониква
Следна статија
Потпишан договорот за изградба на колекторски систем во Скопје

10 милиони денари за обнова на документацијата за изградба на брана на реката Отиња

Објавено на 02.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава ќе издвои 10 милиони денари за обнова на целокупната документација за изградбата на брана на реката Отиња во Штип. Оваа информација ја сподели министерот Љупчо Николовски, кој денеска оствари средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски. Изградбата на браната е проект што не е реализиран децении наназад, а со чија изведба би се заштитил градот од поплави. Пред речиси осум години, експертите препорачаа дотогаш предвидената класична брана да се замени со изведба на насипна брана со висина од 18 метри.

 

*Извор на фотографија: Општина Штип

 

Финалното решение за овој инфраструктурен проект ќе се знае по извршената обнова на проектната документација. На денешната средба во Штип со министерот Николовски и градоначалникот Бочварски бил и експерт од Градежниот факултет во Скопје, којшто бил еден од изработувачите на актуелниот проект за изградба на брана на реката Отиња. Покрај дополнителната заштита од поплави, се смета дека акумулирањето на водите од реката Отиња би можело да обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини во штипскиот регион.